Рекорден број пожари ја опустошуваат Амазонија и Пантанал во Бразил

Од:

Рекорден број пожари беснееја во Амазон и Пантанал во Бразил минатиот месец, според официјалните податоци, откако уништувањето на шумите и климатските промени предизвикаа хаос во некои од највредните екосистеми на планетата.

Тропските шуми на Амазон се дефинирани како „бели дробови“ на Земјата поради нивната улога во производство на скоро 10 проценти од кислородот во светот.

Регионот Пантанал, што се наоѓа на југот на Бразил, е едно од најголемите тропски влажни зони во светот и рај за биолошка разновидност што се протега надвор од границите на Бразил до Парагвај и Боливија.

Бројот на пожари обично опаѓа во октомври, кога Амазон се приближува на сезоната на дождови.

Но, бразилскиот Национален институт за истражување на вселената (ИНПЕ) регистрираше 17.326 пожари во Амазонската џунгла во октомври, двојно повеќе отколку во истиот месец во 2019 година. Сателитските снимки покажаа речиси 100.000 пожари во првите 10 месеци од 2020 година, повеќе отколку во целата измината година.

ИНПЕ, исто така, регистрираше речси 3.000 индивидуални пожари во Пантанал, нов месечен рекорд од почетокот на собирањето податоци во 1998 година. Во регионот, од кои 23 проценти изгореа оваа година, досега беснееја рекордни 21.115 пожари, повеќе од двојно отколку во 2019 година.

Експертите и еколошките невладини организации за таклвата состојба го обвинуваат бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, скептик за климатски промени, кој го поддржува отворањето на двата региона за сеча и земјоделство.

Некои пожари се резултат на намерно палење за да се подготви земјиштето за добиток, и покрај 120-дневната забрана за практика воведена во јули.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Мистерија за убиениот Србин во Бразил: Член на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен пред семејството

А1он

(ВИДЕО) Најмалку 25 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Бразил

Горан Наумовски