Во тек е златна грозница во северниот дел на Мали, каде се активни борци поврзани со Ал Каеда што предизвикува загриженост дека профитот од рударството може да и донесе корист не само на локалната економија, туку и на исламските екстремисти.
Коалицијата на вооружени бунтовници Туарег, позната како ЦMА, го контролира регионот Кидал и нејзините водачи ги надгледуваат активностите поврзани со копањето злато.
Се верува дека некои членови на ЦМА имаат блиски врски со локалниот претставник на Ал Каеда познат како ЈНИМ.
Тие се сметаат за најактивна екстремистичка група во Мали.
Официјални претставници на ЦМА одбија да зборуваат за присуството на борци поврзани со Ал Каеда во нивните редови.
Жителите се плашат да зборуваат за тоа, истакнувајќи дека екстремистичката група има разузнавачки агенти насекаде во градот.
Во извештај на експерти на Обединетите нации во август е утврдено дека ЦМА има приход од контролни пунктови и оданочувања поврзани со златната грозница, но оти неколку рударски оператори треба да ги почитуваат прописите.
За златната треска се вели дека почнала во речиси целосна анархија