Вооружена група во Либија го зазема едно од најголемите нафтени наоѓалишта Еш Шарара, југозападно од Триполи, јави ТАСС.
По нападот е работата на нафтеното поле е прекината. Наоѓалиштето произведува околу 200.000 барели нафта на ден.
Либија располага со најголеми резерви на нафта во Африка. Пред почетокот на конфликтот во февруари 2011 година, што доведе до соборување на Муамер Гадафи, земјата произведуваше по 1,6 милиони барели нафта на ден. Во септември годинава производството на нафта во Либија изнесува 800.000 барели на ден.