Во близина на амбасадите на Алжир, Грција и Саудиска Арабија во Триполи денеска одекна бомба, а засега нема информации за евентуални жртви во инцидентот.
Рачно изработена бомба била поставена под еден автомобил во улица каде што се наоѓаат три странски амбасади, соопштија либиските безбедносни сили.
Автомобилот, паркиран пред грчката амбасада, е оштетен во експлозијата, но засега нема податоци дека има повредени лица.
Бомбата експлодирала неколку часови откако еден војник е повреден во бомбашки напад во Бенгази, кој е втор град по големина во Либија.