Експлозија во Москва: Се урна зграда, еден загинат, двајца се исчезнати

Од:

Едно лице загина, а уште две се водат за исчезнати под урнатините, по експлозија на гас во катна станбена зграда во градот Балашиха кај Москва, пренесе РИА Новости, повикувајќи се на итните служби.

Според зборовите на регионалниот гувернер на Москва, Андреј Воробјов, експлозијата се случила на четвртиот кат од зградата.

Третиот, четвртиот и петтиот кат од зградата се урнаа, а оштетени се најмалку 10 станови.

Уште две лица се повредени и се пренесени во болница, наведува руската агенција.

Истражниот комитет покрена кривична постапка во врска со давање услуги кои не ги исполнуваат безбедносните услови.

Би можело да ве интересира

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

ВИДЕО: Експлозија во тунел, има мртви, луѓето се заробени

Москва: САД се главниот пандан на Русија

(ВИДЕО) Пожар во зграда во Москва, заробени се околу стотина луѓе

Москва остро реагираше за најавената американска помош на Украина

Москва: Планот на Трамп за Украина не треба сериозно да се земе во предвид