Експлозија во кинески рудник за јаглен: Најмалку 82 лица загинаа, има уште луѓе под урнатините

Од:

Во кинески рудник за јаглен на северот од земјата се случи експлозија, при што загинаа десетици луѓе. Голем број луѓе се повредени, а најмалку девет од нив се заробени под урнатините.

Според првичните информации, 82 лица загинаа во рудникот за јаглен „Лиушенју груп“, кој се наоѓа во покраината Шанкси.

Во времето на експлозијата, според извештаите, имало 247 работници на должност, поради што се стравува дека бројот на загинати може да биде поголем. Најмалку девет лица се уште се заробени во урнатиот рудник, а некои медиуми известуваат дека може да има дури 38.

Спасувачките екипи се на терен во текот на целата ноќ, а околностите што ја предизвикале експлозијата сè уште не се утврдени.

Државната Кинеска централна телевизија (CCTV) емитуваше видео во саботата на кое се гледаат возила и екипи за итни случаи собрани на влезот во рудникот, со поставени безбедносни кордони.

Покраината Шанкси е позната по своите рудници. Иако Кина го намали бројот на жртви во рудниците во текот на 2000-тите, несреќите се сè уште чести поради недоволно осигурените услови за работа.

Би можело да ве интересира

Си продолжува со чистката: Висок функционер е осуден на смрт

Рим категорично ја демантираше изјавата на Зеленски: „Тоа не е вистина“

Русија испрати „чудовиште“: Дронот „Изделие К5“ првпат снимен на фронтот

ЕУ планира технолошки фонд од 50 милијарди евра за да ја намали зависноста од САД и Кина

Горан Наумовски

Државен службеник во Кина осуден на смрт – оддавал државни тајни на странска земја

А1он

Вашингтон најавува силна поддршка за домашната рударска индустрија

Горан Наумовски