Едно лице загина, а 37 се повредени по двоен бомбашки напад во џамија во градот Бенгази во Либија, информираат светските медиуми.
Експлозиите се случиле за време на петочната молитва во мала џамија, а најверојатно бомбите биле далечински активирани.
Пред две недели, 35 лица го загубија животот во двоен бомбашки напад во друга џамија во Бенгази.