Најмалку 10 жртви во експлозијата во бриселската метро станица Малбек

Од:

Најмалку десет луѓе загинаа во експлозија во метро станицата Малбек во Брисел, јави белгиската телевизија ВТМ.

Според белгиската агенција Белга, која се повикува на полициски извори, регистрана е и експлозија во метро станицата Шуман, под зградата на Европската комисија.

Европската комисија ги повика вработените да останат дома или на работните места.

bombametro-brisel1

Претходно, утринава во 08:00 часот одекнаа две експлозии на меѓународниот аеродромот „Завентем“ во Брисел, во кои, според РТБФ, која се повикува на болнички извори, има најмалку 10 загинати и 30 повредени, јави бриселската телевизија,

Западни медиуми јавија дека пред експлозиите на аеродромот се слушнале истрели од огнено оружје и повици на арапски јазик.

Поради двете експлозии аеродромот, како и железничката станица во во него, се затворени. Ова е втор случај поради кој нивото на закана од терористички напади во Белгија е подигнато на максимален „четврти степен“.

10382f0a-92e9-48fe-9a87-bef251ba8a45

Протипожарната единица на главниот град на Белгија ја потврди експлозијата што се случи утринава на аеродромот, како и на метро станицата на улицата Арт-Лоа, каде се наоѓаат и македонската амбасада во Белгија и македонската Мисија при Европската унија.

Бомбата на „Завентем“, според неофицијални информации, одекнала во подземната железничка станица под аеродромот, предизвикувајќи сериозна материјална штета на предниот дел на аеродромската зграда, кај влезот наспроти хотелот „Шератон“.

5ca066d7-c1c8-4c5b-8ec7-4fca65d5ecb2

Очевидци на настанот изјавија дека неколку луѓе лежат повредени на тротоарот пред влезот на меѓународниот аеродром. Сите приоди и излезни патишта кон бриселскиот аеродром се затворени, а полицијата детално го претресува секој автомобил и сомнителни лица.

Според белгиската националната франкофонска телевизија РТБФ, евакуирани се сите лица и патници, а затворена е и железничката станица на „Завентем“.

Затворени се и аеродромите Антверпен, Остенд-Бриж и Кортрејк во фламанската провинција на Белгија, а не сообраќа ниту метрото во Брисел. Сите летови се пренасочуваат кон јужниот бриселски аеродром во градчето Шарлроа.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски