Експлозии во Техеран, израелските сили погодија објект за производство на ракети и воена академија

Од:

На шестиот ден од конфликтот, израелските воздушни напади врз Иран продолжија, додека Иран возврати со испукување нови ракети кон израелска територија.

Експлозии се слушнаа во зори во Техеран и околината. Според извештаите, израелските напади погодија клучен објект за производство на ракети и воена академија поврзана со Иранската револуционерна гарда.

Неколку часа пред нападот, израелската армија издаде наредба за евакуација на населението во 18-от округ во Техеран, каде што се наоѓаат и воени згради и станбени области.

Сирените за воздушен напад беа активирани двапати во Израел во текот на ноќта, додека Иран објави дека испукал хиперсоничен проектил како одговор. Сепак, засега нема информации за жртвите.

Опсегот на иранските напади е значително намален, што се толкува како последица на израелските воздушни напади кои, според тврдењата на израелската армија, нанесоа сериозен удар врз иранските воени капацитети.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, повторно се огласи на социјалните медиуми – вклучувајќи објава на хебрејски – за да каже дека Иран никогаш нема да направи компромис со Израел, додавајќи: „Битката започнува“.

Би можело да ве интересира

Сојузниците го напуштаат Трамп: Полска нема да испраќа војници во Иран

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Лариџани „оживеа“ после веста за неговата ликвидација, испрати порака до јавноста

(ВИДЕО) Револуционерната гарда му испрати порака на Трамп: Војната не се добива со твитови

Израел тврди дека се убиени Али Лариџани и „Касапот на режимот“

Катерина Ѓуровски

Рубио испрати писмо до дипломатите: „Пренесете ја оваа порака до сојузниците, имате време до петок“