Иран потврди дека го разгледува мировниот план

Од:

Иран нема повторно да го отвори Ормутскиот теснец во замена за „привремен прекин на огнот“, изјави во понеделник за Ројтерс висок ирански функционер, додавајќи дека Техеран верува дека Вашингтон не е подготвен за траен прекин на огнот.

Функционерот потврди дека Иран добил предлози за итно примирје и ги разгледува, но додаде дека Техеран не прифаќа да биде притиснат да не се согласи со роковите и да донесе одлука.

Рамката за прекин на борбите беше изготвена од Пакистан и испратена до Иран и САД преку ноќ, изјави извор на Ројтерс, повикувајќи се на двофазен пристап со итно примирје проследено со сеопфатен договор.

Американскиот портал Аксиос објави синоќа дека САД, Иран и регионалните медијатори разговараат за потенцијално 45-дневно примирје како дел од двофазен договор што би можел да доведе до траен крај на војната, повикувајќи се на американски, израелски и регионални извори.

Според предлогот, Ормутскиот теснец би бил повторно отворен, а страните во конфликт би имале помеѓу 15 и 20 дена за да финализираат поширок договор.

Би можело да ве интересира

Хамнеи: Иран продолжува да управува со Ормутскиот теснец

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената