Експлозии и пукотници во либиска државна нафтена компанија

Од:

Во седиштето на либиската државна национална нафтена корпорација (НОЦ), во центарот на Триполи, утрово се слушнаа експлозии и истрели. Западните медиуми јавуваат дека неколку маскирани лица влегле во просториите на компанијата.

– Тројца или петмина пукаа во зградата. Неколку лица се погодени, изјави еден од вработените во НОЦ, кој за да се спаси скокнал од прозорецот, пренесува Танјуг.

Безбедносните сили соопштија дека се обидуваат да ги совладаат милитантите, за кои се верува дека ја нападнале зградата. Безбедносните сили зазеле позиции околу седиштето на НОЦ. На местото на настанот има амбулантни и противпожарни возила.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски