Две бомби експлодираа денеска во близина на амбасадите на Египет и Обединетите арапски емирати (ОАЕ) во либискиот главен град, а засега нема информации за жртви или поголема материјална штета.
Ескплозиите следат по вчерашните серија напади со автомобил бомби во градови под контрола на меѓународно признатата влада во Либија, со седиште во градот Тобрук, чија власт е оспорена од владата со седиште во Триполи.
Египет и ОАЕ во текот на летото го повлекоа дипломатскиот персонал од Триполи, откако во главниот град избувнаа судири меѓу вооружени групи за превласт во земјата.
Засега нема информации дали амбасадите биле цел на напади и дали за време на нападот во нив имало службеници или обезбедување.