Експертите за проектот Mars One: Осуден е на пропаст

Од:

Dnevnik.hr – Загреб

Холандската компанија Mars One деновиве ги избра првите 100 кандидати кои влегле во најтесниот избор за одење на Црвената планета во 2025 година.

Светските медиуми на големо пишуваат за проектот Mars One на холандската компанија која планира во 2025 година доброволци од Земјата да ги однесе на Марс. Но, експертите кои се скептични околу мисијата уште откако првпат слушнаа за неа во 2011 година, повторно предупредуваат дека за таков проект нема доволно финансиски средства, нема соодветен технолошки развој и дека Mars One ќе биде само еден пуст сон на лековерните Земјани.

Според динамиката која ја објавија Холанѓаните, во 2018 година на Марс треба да го испратат првиот вселенски брод заедно со сателит кој таму и ќе остане.

По две години на планетата треба да стигне и ровер, подвижна лабораторија, како таа која ја испрати НАСА. Доставувањето на товарот кој на луѓето ќе им биде потребен за живот на Марс треба да почне во 2022 година, додека во 2025 треба да стигнат првите две двојки на луѓе; две жени и двајца мажи.

Гилес Спаров, автор на книгата Марс: Новиот поглед на Црвената планета е скептичен прво околу цената на патувањето.

– Рекоа дека можат на Марс да испратат четворица луѓе за 6 милиони долари (42 милиони куни) што е неверојатно малку ако се земе дека Аполо програмата чинеше 175 милиони куни, а тоа беше во 60-тите години! Но и да е само едно одење на Марс можно за само 42 милиони куни, од каде ќе имаат пари за се останато? – прашува Спаров.

Се шпекулира дека до сега собрале само неколку милиони долари донации. Но, во компанијата Mars One велат дека сметаат дека реалити шоуто за животот на првите луѓе на Марс ќе сака да го гледа целиот свет.

Сепак, најголем проблем со целата мисија е дека таа за сега е само една убава слика, нацртан концепт, пишува Дејли Меил.

Mars One ништо не развива, не тестира, нема никакви назнаки дека барем нешто направиле, барем некакво пробно возило, кое би можеле да го пратат на Марс. Освен тоа, треба однапред да се обезбеди место за лансирање на ракетата во орбитата. Со оглед на тоа дека распоредот се знае со години однапред, експертите веруваат дека Mars One ништо не може да лансира до 2018 година.

Покрај тоа, не порачале изработка на никакво вселенско летало, не презентирале а и не порачале некакво истражување за влијанието на микрогравитацијата на луѓето на Марс, а што е најважно, не се знае ни како луѓето всушност би можеле да преживеат на планетата подолго време.

Од друга страна, НАСА и уште некои вселенски агенции, голем играч кој милијарди и милијарди долари веќе со години инвестираат во технологија и истражување, оценуваат дека првите астронаути можат да слетаат на Црвената планета најрано до 2030 година, а реално некаде во 2040 година.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Предраг Петровиќ

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ