Повеќе од 1.000 експерти за технологија, научници и истражувачи, меѓу кои и физичарот Стивен Хокинг и професорот Ноам Чомски, го потпишаа отвореното писмо во кое се предупредува на опасноста од автономно оружје на така наречените роботи убијци.
Во писмото, кое денеска ќе биде претставено на Меѓународната конференција за вештачка интелигенција (АИ) во Буенос Аирес, се посочува дека „воената трка во вооружувањето со употреба на АИ, е лоша идеја“.
– Како што поголемиот број хемичари или биолози не се заинтересирани за правење на хемиско или биолошко оружје, така мнозинството истражувачи на АИ не сакаат да го валчкаат нивното поле (на дејствување) така што ќе го прават тоа, се истакнува во писмото.
Експертите апелираат на забрана на употребата на вештачка интелигенција во контрола на оружјето, која би била „надвор од позначајната контрола на човекот“.
Меѓу потписниците на писмото, што го објави Институтот за иднината на животот (ФЛИ), се и претприемачот Елон Маск, еден од основачите на компанијата „Епл“ Стив Вознијак и шефот на „Гугл“ Ал Демис Хасабис.