Експертите на ФДА ќе препорачаат да се одобри вакцината на „Џонсон и Џонсон“

Од:

Панел експертски советници од американската Управа за храна и лекови (ФДА) се очекува денеска да препорача одобрување на еднократната вакцина против Ковид-19 од производителот Џонсон енд Џонсон, отворајќи го патот за милиони дополнителни дози за целата земја од следната недела.

По добивањето на препораката, ФДА веројатно ќе ја одобри вакцината за итна употреба во рок од еден ден, што ќе ја направи трета достапна вакцина во САД и единствена за која е потребна само една доза.

Панелот ќе разгледа дали придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците за употреба кај луѓе на возраст од 18 и повеќе години.

Во студија спроведена на 44 000 лица, вакцината била 66 проценти ефикасна во спречување на умерени случаи на Ковид-19 во споредба со плацебо. Вакцината била 100 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација 28 дена по вакцинирањето и немаше смртни случаи од Ковид-19 меѓу оние кои ја примија.

Оваа вакцина може да се чува на нормални температури во фрижидер, што ја олеснува дистрибуцијата.

Би можело да ве интересира

ЕУ воведе контра-царини за американски стоки

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

(ВИДЕО) Прогласена е вонредна состојба на Лонг Ајленд

Горан Наумовски

Зеленски: Мировните преговори меѓу Украина и САД ќе се одржат во Саудиска Арабија следната недела