Експерти на ОН: Израел изврши злосторства против човештвото во Газа

Од:

Панел од експерти на Советот за човекови права на ОН за ситуацијата на окупираната палестинска територија изјавиja дека Израел извршил злосторства против човештвото и истребување како дел од „координирана кампања за уништување на палестинските животи“ со убивање цивили кои се кријат во училишта и верски објекти во Појасот Газа.

– Гледаме сè повеќе докази дека Израел спроведува координирана кампања за уништување на палестинските животи во Појасот Газа, изјави Нави Пилај, поранешна висока комесарка на ОН за човекови права, која претседава со панелот, објави Ројтерс.

Според неа, таргетирањето на образовниот, културниот и религиозниот живот на палестинскиот народ од страна на Израел ќе им наштети на сегашните и идните генерации, попречувајќи го нивното право на самоопределување.

Би можело да ве интересира

Израел размислува за уништување на клучната инфраструктура на Иран, се подготвува нов напад

Најмалку деветмина загинати во израелски напади во Појасот Газа

Кац: Иран развива хемиско оружје – Израел е подготвен за напад

Ајзенкот навести формирање малцинска влада со поддршка од арапските партии

А1он

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран