Експерти ги пресметаа шансите за ширење на еболата во некои европски земји

Од:

Научници пресметале дека веројатноста до 24 октомври вирусот на ебола да се прошири во Франција изнесува 75 отсто, а во Велика Британија 50 проценти.

Ваков заклучок донеле експерти од британскиот Универзитет Ланкестер, кои го проучувале досегашното ширење на вирусот на смртоносната хеморагична треска и податоците од авионскиот сообраќај кон и од најзагрозените африкански држави од оваа болест.

Во случај авионските летови да бидат намалени за 80 отсто, како што планираат некои авиокомпании, ризикот за Франција и Велика Британија ќе се намали до 25, односно 15 проценти, тврадт научниците.

За Белгија шансите да се прошири еболата се 40 отсто, додека за Шпанија и Швајцарија се значително помали – 14 проценти.

– Тоа е вистинска лотаријаа, изјави вирусологот Дерек Гадрер, кој го следи ширењето на епидемијата од ебола, која од март досега предизвика над 3.400 смртни случаи во Западна Африка.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски