Експерименталниот лек против ебола, што беше даден на двајца Американци заболени од оваа смртоносна болест, по што нивната состојба се подобрува, се добива од листови тутун и е тешко да се произведе во поголеми количини, предупреди директорот на американскиот Национален институт за алергии и заразни болести Ентони Фаучи.
Серумот познат како „Зи Меп“ се состои од три антитела произведени со помош на модификувани листови тутун, на кои им требаат неколку недели да созреат.
Експерименталниот лек наводно го примиле Американците Кент Брентли и Ненеси Рајтбол, што се заразиле со вирусот ебола додека работеле со пациенти во Либерија. Нивната здравствена состојба се подобрува по земањето на серумот и тие заздравуваат во болница во Атланта. Во епидемијата во Западна Африка животот досега го загубија 887 од вкупно 1.600 заболени од Ебола.