Eксхумација на посмртните останки на чилеанскиот нобеловец Пабло Неруда

Од:

Специјална екипа експерти изврши ексхумација на посмртните останки на познатиот чилеански поет Пабло Неруда, кој почина во август 1973 година во болница во Сантјаго.

Според наодот на лекарите, Неруда починал од рак на простата од кој болувал и се лекувал подолго време. Актуелните чилеански власти сакаат да ја утврдат точноста на верзијата според која поетот починал од тешката болест, затоа што во 2011 година, возачот на поетот Мануел Араја се појави со тврдење дека Неруда бил отруен.

Пабло Неруда, кој е добитник на Нобеловата награда за литература, беше познат левичар, член на Комунистичката партија на Чиле и остар критичар на десничарските политички определби на воениот врв на земјата и на тогашниот началник на Генералштабот на чилеанската армија Аугусто Пиноче.

Под воство на Пиноче на 11 септември 1973 година беше извршен воен пуч при што беше соборен тогашниот легално избран претседател, социјалистот Салвадор Аљенде, со цел, како што тврдеше воената хунта, да спречат Чиле да се претвори во втора Куба.

Поетот Неруда беше мошне близок пријател со тогашниот претседател Аљенде, но почина 12 дена пред пучот што го изврши чилеанската армија.

Роднините на поетот, како и Фондацијата „Пабло Неруда“ веруваат дека тој починал од болеста, без разлика што сакал да емигрира од Чиле во Мексико.

Претходно беше извршена ексхумација и на останките на Аљенде, за кого се тврдеше дека е убиен од војската при нејзиниот упад во претседателската палата. Експертизата меѓутоа покажа дека Ањенде се самоубил, пред војниците воопшто да дојдат до него.

Пабло Неруда е добитник на бројни литературни награди меѓу која е и Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.

Би можело да ве интересира

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера

(ВИДЕО) Во пожарите во Чиле 99 мртви и над стотици исчезнати: „Овие бројки драстично ќе растат“

64 лица загинаа во шумски пожари во Чиле

Горан Наумовски

Најмалку 46 лица загинаа во шумските пожари во Чиле

Најмалку 10 лица исчезнаа во шумски пожари во Чиле, воведена е вонредна состојба

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Чиле