Екс директор осуден на 12 години затвор за уривање на мостот во Џенова

Од:

Италијански суд денес го осуди поранешниот извршен директор на „Атлантија“ – Џовани Кастелучи, на 12 години затвор за уривањето на мост во северозападниот пристанишен град Џенова, во 2018 година.

Во времето на несреќата, „Атлантија“ беше мнозински сопственик на компанијата „Автостраде пер л’Италија“, која управува со италијанските автопати, објави „Анса“.

Во уривањето на мостот на 14 август 2018 година, загинаа 43 лица, кога нивните возила се излизгаа од конструкцијата.

Семејствата на жртвите ја исполнија судницата за да ја слушнат пресудата.

Според италијанскиот правен систем, пресудата од прв степен може да се обжали најмалку двапати.

Кастелучи веќе е во затвор, отслужувајќи шестгодишна казна за друга несреќа од 2013 година на вијадукт во јужна Италија, па затоа не присуствуваше на изрекувањето на пресудата.

Вкупно 57 лица се најдоа на обвинителната клупа, вклучувајќи менаџери на компанијата, инженери и претставници на Министерството за транспорт.

Најсериозните обвиненија се однесуваат на повеќе точки за убиство од небрежност и криминална немарност.

Уривањето на мостот „Моранди“ за време на летна бура поттикна повеќегодишна истрага за управувањето и одржувањето на дотраената инфраструктура.

Дел од мостот со должина од околу 50 метри, лоциран на висина од околу 50 метри, се урна додека преку него минуваа до 35 возила, кои паднаа врз магацините и речното корито под мостот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

Полицијата во Рим приведе повеќе од 200 млади лица кои се обидoa да предизвикаат немири

A1on

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ВИДЕО: Мелони со војска го брани Милано од демонстрантите

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Не можете да ги палите градовите – Мелони по нередите во Милано

Катерина Ѓуровски

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ