Економист: Демографската криза во Кина ќе го забави економскиот раст на земјата

Од:

Демографската криза во Кина може да доведе до забавување на економскиот раст на земјата во следните 10 години, прогнозира „Економист“.

„Растот на БДП на Кина можеби е најголем во светот, но ќе почне да заостанува во следните 10-15 години, бидејќи демографскиот пад во НР Кина ќе стане поизразен“, забележува весникот.

Изданието наведува дека кинескиот БДП во 2021 година достигнал 17,7 трилиони долари, а тој на САД сега изнесува 23 трилиони долари. Економскиот раст на Кина пропадна поради политиката на нулта толеранција за коронавирусот, тешката ситуација на пазарот на недвижности, технолошката војна со САД и одбивањето да се реформираат државните претпријатија.

Во написот се наведува и дека кинескиот БДП се предвидува да порасне за 47 отсто до 2031 година со просечна годишна стапка на раст од 4 отсто. Во исто време, цените во Кина ќе пораснат за речиси една третина (+30%), а курсот ќе се зголеми за 13 отсто.

На 6 септември, Ченг Хонгганг, висок соработник во тинк-тенк Таихе, изјави дека санкциите на ЕУ наметнати на Русија имале позитивно влијание врз трговските односи меѓу Русија и Кина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија

Автобус удри во толпа ученици и родители во Кина: 11 лица загинаа, меѓу кои и пет деца

Горан Наумовски

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски