Екипа на Би-Би-Си ќе добие дозвола да сними репортажа во Техеран

Од:

Иран ќе и дозволи на новинарска екипа на Би-Би-Си да сними репортажа во Техеран во траење од една недела, изјави ирански владин официјален претставник, со што ќе се направи чекор кон подобрување на дипломатските врски со Велика Британија.

Телевизискиот канал Би-Би-Си се уште не е информиран за ваквата одлука на иранската Влада. Репортер, кој работи за овој медиум, неодамна престојувал еден ден во Техеран.

Портпарол на иранското Министерство за култура изјавил дека на новинарска екипа на Би-Би-Си ќе и биде дозволено да подготви репортажа.

– Дозволата е издадена за една недела за специјална репортажа и единствено за англиската служба на Би-Би-Си, потврдил портпаролот.

Би можело да ве интересира

Иран се заканува со „војна за уништување“ доколку Израел го нападне Либан

Од Русија стигна соопштение: Наскоро ќе се потпише голем договор со Иран

(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси