ЕК се подготвува за нуклеарни закани уште пред војната во Украина

Од:

Портпаролот за здравство на Европската Комисија потврди дека оваа институција работи на планови за заштита на здравјето на населението во случај на нуклеарен напад, јави дописничката на МИА од Брисел.

Портпаролот Стефан Де Керсмакер изјави дека овие планови постојат уште од пред почетокот на војната во Украина на 24 февруари.

-Комисијата работи за да обезбеди засилена подготвеност пред биолошки, хемиски, радиоактивни и нуклеарни закани, ова веќе пред војната во Украина, како дел од стратегијата за подготвеност, Европската власт за здравствена подготвеност (ХЕРА) работи со Операциите за цивилна заштита и хуманитарна помош (ЕХО) за да ја зголеми достапноста на медицински противмерки, дискусиите продолжуваат, изјави портпаролот, без повеќе детали.

Од почетокот на војната во Украина е зголемен стравот од ескалација кон нуклеарен судир меѓу Русија и Западот. Повеќе земји членки веќе дистрибуираа таблети со јод на населението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел