ЕК: Неприфатлива злоупотребата на лични податоци во ЕУ од страна на ФБ

Од:

Европската Комисија реагира на последните информации дека дополнителни 87 милиони корисници на Фејсбук, од кои околу еден милион во Европа, се погодени од скандалот со Кембриџ Аналитика.

Еврокомесарката за правда, Вера Јурова, пред една недела испрати писмо до Фејсбук барајќи разјаснувања околу аферата со Кембриџ Аналитика во која милиони лични податоци на корисници на социјалната мрежа биле најверојатно нелегално искористени.

Портпаролот на комесарката во Брисел денеска повтори дека оваа „злоупотреба е неприфатлива“ и дека „последните бројки потвдуваат дека европските корисници биле погодени“, јави дописничката на МИА од Брисел.

Фејсбук има рок од две недели по испраќањето на писмото да одговори на барањата на Европската Комисија.

Потпаролот денеска потврди дека Фејсбук „покажале волја“ да соработуваат и дека двете страни ја разгледуваат можноста за контакти на „високо ниво“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО