ЕК: Нема да има „нормално лето“, но нема ни да го пропуштиме

Од:

Европската комисија усвои пакет мерки со кои треба да се обезбеди враќање на туризмот и патувањата ова лето.

Предложено е фазно и координирано олеснување на рестриктивните мерки кои се однесуваат на слободата на движење на граѓаните. Тоа треба да се заснова на проценка на епидемиолошката ситуација, примена на мерки за спречување на ширење на вирусот во текот на целото патување, како и со економски и социјални фактори кои во прв план би го ставиле преминувањето на границите поради активности во клучни области, вклучувајќи и лични причини.

– Ова нема да биде нормално лето, но ако сите го организираме нашиот дел од работата, нема да мора да останеме дома и да го пропуштиме летото, изјави потпретседателката на Европската комисија Маргарет Вестагер.

Комисијата во своите предлози ги вклучи општите принципи што треба да се применуваат при постепено обновување на воздушниот, железничкиот, копнениот и поморскиот транспорт.

Препораките се засноваат на потребата да се ограничи контакт меѓу патниците, како и меѓу патниците и транспортните работници, што вклучува намалување на бројот на патници кога е можно, носење заштитни маски и специјални протоколи во случај на појава на патници со симптоми на болеста.
Европската комисија потенцира дека упатствата се со цел да им се олесни на земјите-членки да донесат национални одлуки и „безбедно и постепено“ да ги отвораат границите за луѓето, транспортот и туристичките услуги.

Се потсетува дека воведувањето на внатрешни граници во ЕУ на почетокот на пандемијата беше „неорганизирано“, оти пандемијата сè уште трае и дека воведените мерки не можат да бидат „укинати преку ноќ“.

– Внатрешните граници во ЕУ беа воведени како привремени итни мерки со цел борба против Ковид-19. Тие исто така се кочница за слободното движење на луѓе и стоки и мора да бидат укинати постепено, на координиран начин и без дискриминација, изјавија европски дипломати во Брисел.

Се додава дека еден од основните критериуми за отворање на границите е епидемиолошката состојба во ЕУ, која, како што оценија во Комисијата, се движи кон подобро.

Најавена е и изработка на интерактивна мапа, која ќе служи за да им помогне на потенцијалните патници да добијат информации за епидемиолошката состојба во земјите и регионите каде сакаат да патуваат.

Во врска со карантински мерки за граѓаните на ЕУ кои патуваат внатре во Шенген, Европската комисија проценува дека одлуката е во надлежност на самите држави, но исто така истакнува дека „циркулацијата на вирусот во земјите на ЕУ е слична“ и дека доаѓањето на граѓани од други земји членки на ЕУ нема да влијае на епидемиолошката состојба дури и без примена на карантин.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска