ЕК ќе преземе мерки за ограничување на птичјиот грип во Холандија

Од:

Европската комисија синоќа соопшти дека денеска најверојатно ќе преземе итни времени превентини мерки за ограничување на новиот вид на птичји грип, откриен во Холандија.

– Се очекува на 17 ноември Комисијата да донесе одлука за итни времени превентивни мерки по откривањето на птичиот грип, изјави портпаролот на ЕК, Рикардо Кардосо.

Мерките ќе ги опфаќаат зоните, означени од холандските власти во кои се наоѓаат живинарските фарми, од кои ќе биде забранета продажба на живина, јајца, пилешко месо и друго пилешки производи на други членки на Европската унија и на трети земји.

Холандските власти соопштија вчера дека на една фарма во централниот дел на земјата откриле високо патоген вид на птичјиот грип и воведоа привремена забрана за транспорт на живина во радиус од еден километар околу сите живинарски фарми во Холандија.

Во соопштението на холандската Влада се наведува дека новооткриениот вид на грип е смртоносен за живината, но и дека од него може да се заразат и луѓето.

Властите најавија дека на фармата, на која е откриен птичјиот грип, во селото Хекендорп во централна Холандија, ќе бидат уништени околу 150 илјади парчиња живина.

Холандија во 2003 година беше погодена од вирусот Х7Н7 на птичјиот грип и тогаш здравствените власти уништија околу 30 милиони птици.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија