Египетското разузнавање го предупрдило Израел дека доаѓа „експлозија на ситуацијата“

Од:

Претставник на египетското разузнавање вели дека Египет, земја која честопати дејствуваше како посредник меѓу Израел и Хамас, постојано разговарала за „нешто големо“ со Израелците, пишува „Тајмс оф Израел“.

Тој вели дека израелските власти биле фокусирани на Западниот Брег и ја игнорирале заканата од Газа. Патем, владата на Нетанјаху е составена од поддржувачи на еврејските доселеници од Западниот Брег, кои побараа безбедносни мерки за сузбивање наспроти растечкиот бран на насилство таму во последните 18 месеци.

„Ги предупредивме дека доаѓа експлозија на ситуацијата, и тоа многу брзо, и дека ќе биде голема. Но тие ги потценија таквите предупредувања“, вели функционерот, кој сака да остане анонимен бидејќи не е овластен да зборува за медиумите за содржината на чувствителните разузнавачки дискусии.

Египет стана првата арапска земја што склучи мир со Израел во 1979 година, но политиката на Израел кон Палестинците го прави непопуларен кај многу Египќани. Да потсетиме, вчера полицаец уби двајца израелски туристи и нивниот водич во египетскиот град Александрија.

Би можело да ве интересира

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

Хамас објави видео со живи заложници

(ВИДЕО) Хамас објави снимка од киднапиран израелски заложник

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци