Египет побара проверка на гласањето за избор на директор на УНЕСКО

Од:

Египет официјално побара верификација на можните неправилности во постапката за избор на нов генерален директор на УНЕСКО.

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри, како што изјави портпарол на Министерството, го поднесе барањето денеска, за време на состанокот со актуелниот шеф на организацијата Ирина Бокова.

На прво место во трката за функцијата, со 22 гласа, е кандидатот на Катар, Хамад бин Абдулазиз ал Кајари, додека второто место, со по 18 гласа, го делат поранешната египетска дипломатка Мушира Хатаб и поранешната француска министерка за култура Одре Азуле.

Во изминатите неколку денови, египетските медиуми излегоа со обвинувања за Катар, дека купува гласови во полза на својот кандидат Ал Кајари.

Гласањето се одвива во неколку круга од страна на извршниот совет, кој има 58 члена.

Би можело да ве интересира

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи – Левица со барање за инспекциски надзор