Едномесечно отсуство на британските војници за да се заштеди за греење и осветлување

Од:

Војниците од британската армија биле советувани да земат едмомесечно отсуство,пред претстојните празници,за да помогнат во заштедата на армиските сметки за греење и за осветлување.

Лондонските медиуми откриваат дека касарните во Велика Британија се затвораат во следниот петок и одново ќе бидат отворени на шести јануари,идната година.Најмалиот одмор што за Божик и за Нова година ќе го добијат британските војници ќе изнесува 24 денови,но добар дел од нив ќе останат дома,или некаде на одмор,многу подолго,некаде и повеќе од четири недели.

Иницијативата за оваа невообичаена мерка потекнува од Министерзтвото за одбрана во Лондон,од каде се најавува дека и во него во следните недели до по Нова година,бројот на оние што ќе доаѓаат на работа значително ќе биде намален.

Во Министерството се проценува дека најголемиот дел од касарните во Велика Британија се стари и несоодветни за заштеда на енергија,па затоа се смета дека затворањето на касарните во текот на целиот декември,ќе помогне за заштедата на греењето и на буџетот за војската.

Околу 100 касарни низ земјата,до после новогодипните празници ќе работата со најминималнен состав,задржувајќи ги само оние, задолжени за безбедноста на касарните и за одржување на комуникацијата.

Од околу 80 илјади војници колку што се верува дека сега се под оружје,само неколку стотици ќе останат на должност до крајот на овој и на почетокот од идниот месец.

Со оваа мерка се предвидува  затворање и на касарните во странство,како оние во Германија,или во тренинг центрите низ светот,како во Кенија или Канада.

Решението на Министерството за одбрана да ги охрабри командантите на касарните да дадат многу поголемо отстуство на војниците за претстојните божикни и новогодишни празници,предвизика остра реакција кај критичарите на владината политика за штедење и домашната опозиција.

Тие сметаат дека владата не знае ништо друго,освен да ги намалува трошоците,а дека армиските сили со ова решеие се доведени во „понижувачка„ ситуација.Воени експерти одново предупредуваат дека штедењето за армиските сили е преголемо и дека ја поткопува нејзината борбена готовност.Од 2010 година,до сега воениот буџет е намален за осум отсто.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он