Едно лице загина, а дваесетина се повредени кога патнички воз излетал од шините во близина на Брисел, објавија локалните медиуми.
Според претставникот на белгиската железница Фредерик Пети, несреќата се случила додека возот ја напуштал станицата Левен во правец кон Брисел.
Во возот, составен од три вагони, патувале стотина лица.
На местото на несреќата повикани се екипи на итна медицинска помош, а целиот железнички сообраќај северно од Брисел е прекинат. Засега не е позната причината за инцидентот.