Единаесет години од формирањето на Гвантанамо

Од:

Денеска навршуваат 11 години, откако првите затвореници се доведени во американскиот затвор во заливот Гвантамано на Куба, а групи за заштита на човековите права остро ги осудуваат САД и претседателот Барак Обама поради тоа што оваа установа се уште не е затворена.

– Откако поранешниот американски претседател Џорџ Буш го отвори затвореничкиот камп „Делта“ во американската воена база на Куба, тој затвор, очигледно ги нагриза сите високи морални причини за американската војна против тероризмот, објави денеска „Раша тудеј“.

До сега се осудени само седуммина затвореници на Гватанамо, додека во него се наоѓаат повеќе од 40 „недефинирани затвореници“, односно лица, кои нема да се соочат со обвиненија, бидејќи нема доволно докази против нив, но нема да бидат ниту ослободени бидејќи, САД имаат причини да ги сметаат за опасни.

Освен тоа во овој затвор, кој чини 150 милиони долари годишно (800 илјади долари по затвореник), се наоѓаат уште 90 лица, кои воопшто не треба да бидат таму, нагласува „Раша тудеј“ и додава дека Гватанамо претставува штета за американската репутација.

– Тврдењата на САД дека се борат за човековите права не можат да ги оправдаат затворањето на луѓето во Гвантанамо, судењата на воени комисии, ниту отсуството на одговорноста и надоместот за поранешните злосторства на американскиот персонал врз затвореници, изјави Роб Фрир од организацијата „Амнести интернешнл“.

Според антропологот Марк Мејсон Гвантанамо може да се опише само како средновековна соба за мачење и со него се прекрушаат Женевската конвенција и Уставот на САД.

Иако Обама вети дека ќе го затвори Гвантанамо уште во 2009 година, сепак тоа не го стори, бидејќи Конгресот постојано ја блокира таа одлука. Пратениците ги блокираат првобитните планови затворениците да се префрлат во новоизградениот затвор во Илиноис, наречен „Северен Гитмо“, а освен тоа се забрануваат и издвојувања на какви било федерални средства за префрлување на затворениците од Гвантанамо на американско тло.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас