Eден тон кокаин пронајден во француското пристаниште Руан

Од:

Еден тон кокаин, со вредност од повеќе од 85 милиони евра на црниот пазар, е откриен минатиот четврток на пристаништето Руан во контејнер од Јужна Америка.

Според обвинителството од Лил, 1.065 кг дрога се запленети при истовар на брод „што претходно минал низ неколку пристаништа во северна Европа“, изјави обвинителот од Лил, Карол Етиен во соопштението за јавноста.

Кокаинот бил сокриен „меѓу товар со вреќи со средства за третман на вода“, во 933 пакетчиња.

На 22 март, поморската префектура на Атлантикот објави заплена од страна на француската морнарица на над шест тони кокаин во Гвинејскиот залив.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Голема количина на кокаин заплени полицијата во близина на Неапол

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Истрага против дилер на кокаин во Штип