Еден пратеник и 32 полицајци повредени во немирите во Белфаст

Од:

Британскиот пратеник за северен Белфаст, Најџел Додс, како и 32 полицајци се полесно и потешко повредени за време на синоќешните улични немири, кои цели шест часови го потресуваа северниот дел на главниот северноирски град.

Демонстрантите фрлаа кон полицијата запаливи бомби, тули и камења, додека полицајците одговорија со употребата на водени топиви и пукаа со пластични куршуми.

Непознато лице во една таква ситуација го удрил со тупаница пратеникот Додс кој настојувал да се смират страстите, по што тој паднал нокаутиран. Интервенирала амбулантаната служба за да го освести од силниот удар во лицето.

Насилството избувна по незадоволството на протестантскиот Ред на Портокаловите, поради тоа што полицијата им забрани да минуваат низ квартовите населени со католици, како и по улицата која служи како граница меѓу двете верски заедници. Намерата на полицијата беше да спречи судир меѓу двете заедници кои редовно ги слеадт традиционалните јулски маршеви на протестантите.

Раководството на Редот на Портокаловите повика на демонстрации кои веднаш се претворија во насилство и улични тепачки со полицајците.

Полицијата остро го осуди насилството, нарекувајќи го однесувањето на демонстрантите „срамно и недостојно“.

Подоцна Редот ги отповика демонстрациите и страстите се смирија, но за денеска полицијата на Северна Ирска повика дополните 400 полицајци на помош од Велика Британија.

Маршевите низ оваа британска покраина се одржуваат секоја година во спомен на победата на протестантите, предводени од Вилијам од Оранж над католичкиот крал Џејмс, во 1690 година.

Католиците во денешна Северна Ирска се противат на маршевите за кои велат дека се навредливи за нивната заедница.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели фрлени врз полицијата во Северна Ирска пред посетата на Бајден

Ана Ололовска

Полицијата на Северна Ирска: Очекуваме терористички напади на Велигденскиот понеделник

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Кралот Чарлс веќе се замори: Се врати во замокот за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред

А1он

Почина Дејвид Тримбл поранешeн премиер на Северна Ирска

По оставката на Џонсон, ЕУ најави дека ќе продолжи да бара решенија за Северна Ирска

Ана Ололовска