Еден починат од „птичји грип“ во Кина, уништени 37.000 пилиња во Јапонија

Од:

Во источната кинеска провинција Жеијанг регистрирани се четири случаи на заразени со „птичји грип“ (Х9Н7) од почетокот на зимата, а еден од заболените починал, јави ТАСС, повикувајќи се на централната кинеска телевизија.

Моментално состојбата на еден од пациентите се проценува како критична. Според првичните информации двајца од заболените биле во контакт со птици и се занимавале со продажба на живина.

Првпат вирусот „птичји грип“ е регистриран на човек во Кина во март 2013 година. Досега нема докази дека вирусот може да се пренесува од човек на човек. Од почетокот на годината од „птичји грип“ во Кина се заболени 120 лица, а 39 од нив се починати.

Властите во јапонската префектура Јамагучи во јужниот дел на островот Хонсу донесоа одлука за уништување на 37 илјади пилиња поради епидемијата на „птичји грип“, јави ТАСС. Вирусот е регистриран во месно стопанство, каде се најдени околу 20 мртви птици. Околу стопанството е создаден карантин во радиус од три километри. Над 42.000 птици се уништени и во јапонската префектура Мидзаки на јужниот остров Кјосо поради епидемија на „птичји грип“, соопштија локалните власти.

Годинава во Јапонија се регистрирани три епидемии на „птичји грип“ поради што се уништени околу 150.000 пилиња.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија