Еден човек загина, а петмина се сметаат за исчезнати откако тајфунот Дамреј го погоди јужниот брег на Виетнам.
Стхијата ги откорна покривите на илјадници куќи и собори дрвја и електрични столбови, соопштија службите за борба со природни катастрофи.
Повеќе од 35.000 луѓе во најзагрозените области се евакуираат на безбедни места пред тајфунот да стигне до брегот, соопштија властите. На учениците во неколку провинции им е наредено да останат во своите домови.
Ова е втора природна катастрофа што го погоди Виетнам за еден месец. Повеќе од 70 лица загинаа, а 28 се сметаат за исчезнати во поплавите во неколку северни и централни провинции предизвикани од тропска бура минатиот месец.