Еден и пол милион луѓе без струја во Порторико

Од:

Околу еден и пол милион луѓе, што е повеќе од половина од населението во Порторико, останаа без електрична енергија по земјотресот што ги погоди Карибите во вторникот, а неколку илјади граѓани ја минаа ноќта на отворено откако биле урнати нивните домови или се изложени на ризик да бидат уништени.

Земјотресот со интензитет од 6,4 степени беше најсилниот што го погоди Порторико во последните 100 години, во кој загина едно лице.

Снабдувањето со електрична енергија низ целиот остров не се очекува да биде воспоставено до викендот, бидејќи при потресот се оштетени електраната „Коста Сур“ и друга енергетска инфраструктура.

– За обнова на електраната што снабдува електрична енергија во Порторико ќе биде потребна најмалку една година, изјави Ел Нуево Диа, директор на Агенцијата за снабдување со електрична енергија.

Околу 24 отсто од населението нема ниту вода, а повеќе од 2.200 лица се сместени во прифатни центри.

Би можело да ве интересира

Во Порторико запленети 1.670 килограми кокаин вреден 33 милиони долари

Горан Наумовски

ВИДЕО: Обилен дожд, поплави и ветрови од 169 километри на час во Доминиканската Република и целосно затемнување во Порторико

Ана Ололовска

Најмалку 11 загинати при превртување на чамец близу Порторико

Ана Ололовска

Се урна легендарниот радио телескоп Аресибо во Порторико, заслужен за многу астрономски откритија

Жарко Настоски

ВИДЕО: Масовна тепачка во авион поради носење маска под брада

Жарко Настоски

Си-ен-ен: Трамп предложи продажба на Порторико по ураганот Марија

Ана Ололовска