Еболата ја истакнува политичкатa слабост

Од:

Вирусот никогаш нема српливо да чека во ред за печат во пасошот или да ги почитува уредните линии кои луѓето го исцртале на картата.

Но она што епидемијата на ебола повторно го истакна, е колку себичниот национализам го спречува ефикасниот глобален одговор на природните катастрофи.

Австралија е среќна што е многу далеку од западна Африка, но како богата нација може да го понуди толку потребниот медициски персонал за да помогне.

Тоа и претходно било правено во Африка, со испраќање на мал тим од австралиски лекари под знамето на Црвениот крст во Конго во 60-ите години од минатиот век, за време на конфликтот по неазависноста.

Сегашниот проблем во Гвинеја, Либерија и во Сиера Леоне, не е недостиг од средства, туку од клиничка експертиза.

Но не станува збор за бегање од одговорноста. Ако австралиската влада донесе одлука да испрати лекари или медицински сестри во опасниот регион, таа мора да им овозможи на ним самите да им се помогне.

Примарната обврска на владата е кон нејзните граѓани.

Но сепак од исти причини, за да ги заштитат и своите граѓани, другите држави во близина на епидемијата сакаат да сторат се што е можно за да се сопре ширењето на вирусот.

Тоа е случајот со еболата. Тоа е болест на телото во најреална смисла на значење – но исто се потпира и на филозофска основа за модерниот политички систем на поделениот свет.

Со сите чуда на технологиите и транспортот кои прават планетата денес да изгледа малечка, спротивставувањето на болеста која може да се претвори во изложување на смрт за неколку дена, прави помошта суштински да биде брзо испорачана.

На Австралија и треба посветеноста на европските држави да третираат било кој медицински персонал кои одат да се справат со еболата.

Ваквите официјални разговори се во тек, барем со Британците, но засега се уште не е постигнат никаков договор.

Ако епидемија на еболата се појави во нашето соседство, да речеме во Папуа Нова Гвинеја, светот ќе гледа кон Австралија да понуди исти гаранции.

Но инстинктот за националистичка заштита и спроведувањето на контрола на суверенитетот можат секогаш да претставуваат пречка. Не е само Боб Катер оној кој ја има дарбата да смислува такви небулози како што е себичниот алтруизам, и да бара хуманитарците да бидат ставени во карантин.

Во Тексас, многу луѓе се загрижени заради бубачките кои добронамерните ги донеле од западна Африка.

Во Шпанија, пак, има притисок од јавноста заради првите пренесувања на еболата од човек на човек во земјата откако медициски работник кој никогаш и не бил во западна Африка бил изложен на инфициран пациент.

Но и покрај драматичните предупредувања од Светската здравствена организација во врска со еболата во западна Африка, дека „новите случаи продолжуваат да експлодираат и во области кои изгледаат дека се под целосна контрола“, светот мора брзо да реши каде лежат реалните граници.

Сиднеј морнинг хералд – Сиднеј

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски