ЕАСА: Поради војната во Украина, зголемен е ризикот за авионите и аеродромите

Од:

Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАСА) ги предупреди авиокомпаниите на зголемен ризик поради војната во Украина.

Во соопштението, европскиот регулатор наведува дека цивилните авиони може да бидат нападнати по грешка, а авиокомпаниите би можеле да бидат нападнати од кибер-напади додека Украина е во војна.

„Како што видовме во претходните војни, погрешната идентификација е лесно можна во збунувачки услови на војна“, наведува ЕАСА.

Во 2014 година, патнички авион на „Малезија ерлајнс“ се урна над источна Украина, каде и тогаш имаше конфликти, откако беше погоден со проектил од типот Бук, произведен во Русија.

„Ако на тоа ја додадеме веројатноста за напади врз електронски уреди кои помагаат при навигација или идентификација на авиони, лесно е да се види како некој патнички авион може да биде нападнат од проектили или радарски водени оружја“, велат од ЕАСА.

Регулаторот објави и дека постојат потенцијални ризици поврзани со цивилните аеродроми преку кои се водат воени операции.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат