Џулијани: Сорос ги назначува американските амбасадори во Украина

Од:

Американскиот милијардер Џорџ Сорос стои зад назначувањето на четворицата американски амбасадори во Украина, вклучувајќи ја и амбасадорката Мери Јовановиќ, изјави во интервју за списанието „Њујорк“ адвокатот на американскиот претседател, Рудолф Џулијани.

-Сорос ги постави сите четворица тамошни амбасадори. И тој ги најмува агентите на ФБИ, изјави поранешниот градоначалник на Њујорк.

Џулијани додаде дека Сорос ја „контролира“ Јовановиќ. Тој смета дека медиумите ги исполнуваат сите наредби на милијардерот, раскажувајќи невистинити прикаски за него лично.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес претходно поднесе импичмент за претседателот Доналд Трамп заради злоупотреба на неговите овластувања и попречување на работата на Конгресот.

Првиот човек на Белата куќа е осомничен дека за лични политички цели кај украинските власти инсистирал да се истражува Хантер Бајден, синот на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, кој работел за енергетската компанија „Бурисма“. Татко му Џо Бајден е еден од претендентите за номинација на Демократската партија за претседателските избори во ноември 2020 година.

Би можело да ве интересира

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ