Џулијани излезе од болница за само четири дена, по „чудесниот“ ковид-третман што го доби и Трамп

Од:

Руди Џулијани, личниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека добил „чудесен“ третман за коронавирусот што му овозможи да ја напушти болницата по само четири дена, јави ДПА.

„Мојот третман од страна на медицинските сестри и персоналот во болницата „Џорџтаун Мед Стар“ беше чудесен. Таму влегов со сериозни симптоми, а излегов подобро од кога и да било порано“, соопшти Џулијани на Твитер.

Личниот адвокат на претседателот Доналд Трамп изјавил дека добил експериментална терапија со антитела и лекови, меѓу кои и ремдесивир, односно истиот коктел што го добил и Трамп за време на неговото лекување во октомври.

Поранешниот градоначалник на Њујорк, кој ги водеше правните постапки на претседателот за поништување на резултатот од претседателските избори во ноември, изјави дека неговиот статус на „славна личност“ резултирал во подобра грижа.

Трамп во неделата соопшти дека Џулијани е позитивен на коронавирусот.

Поранешниот градоначалник на Њујорк, кој има 76 години, е последниот од најблискиот круг на луѓе околу Трамп кој го прими експерименталниот третман за коронавирус, којшто е недостапен за огромното мнозинство Американци. Истата грижа ја добија и секретарот за домување Бен Карсон и поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи.

САД, во меѓувреме, се борат со рекордни бројки на новозаразени со коронавирус, хоспитализации и смртни случаи, оптоварувајќи го здравствениот систем низ целата земја.

САД, додава ДПА, вчера регистрираа повеќе од 3.000 смртни случаи поврзани со коронавирусот, што е највисока вкупна бројка во еден ден досега.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија