Џонсон: Западот направи ужасна грешка што му дозволи на Путин да се „извлече“ по анексијата на Крим

Од:

Западот направи „ужасна грешка“ со тоа што продолжи да се потпира на руската нафта и гас по инвазијата на Крим во 2014 година, оцени британскиот премиер Борис Џонсон во изјава за весникот Телеграф.

„Кога Путин ја нападна Украина во 2014 година, Западот направи ужасна грешка. Рускиот лидер изврши чин на насилна агресија и откорна огромно парче суверена држава – и ние го оставивме да се извлече“, напиша тој. „Се додека Западот е економски зависен од Путин, тој ќе направи се што е можно за да ја искористи оваа зависност. Затоа оваа зависност мора – и ќе заврши – сега“.

Во деновите што следат, Џонсон ќе се упати кон Персискиот Залив за да се заложи за повеќе зелена енергија дома.

„Обновливите извори на енергија се најбрзиот и најевтин начин за поголема енергетска независност. Таа е неранлива за манипулациите на Путин. Тој може да ги држи затворени славините за нафта и гас. Но, не може да направи ништо за да го запре ветрот во Северното Море, истакна Џонсон.

Во меѓувреме, многу очекуваната енергетска стратегија на Џонсон повеќе не се очекува да биде презентирана оваа недела, што покренува прашања за тоа што точно ја кочи. Голем дел од досегашната работа на стратегијата се фокусираше на законските обврски на владата за нулта нето климатски промени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Русија убива деца со балистика, ѓубрињата во Москва сакаат да ја продолжат војната

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца