Џонсон: Украина ќе ја победи Русија и повторно ќе биде слободна земја

Од:

Украина ќе ја победи Русија и повторно ќе биде слободна земја, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон во своето обраќање во украинскиот Парламент преку видео врска.

Британскиот премиер, кој најави дополнителна воена помош од 356 милиони евра за Украина, вклучувајќи опрема за електронско војување и противбатериски радарски систем, истакна дека Британија ќе продолжи да ја снабдува Украина.

– Имам порака за вас денеска: Украина ќе победи, Украина ќе биде слободна, нагласи Џонсон.

Тој оцени дека Украина „го уништи митот за непобедливоста на претседателот Владимир Путин“ во борбата против Русија.

– Таканаречената неодолива сила на воената машинерија на Путин се распадна на неподвижниот објект на украинскиот патриотизам и љубовта кон земјата, порача Џонсон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Руски напад на Одеса, погодена е болница, има ранети

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Келог: Украина може да се подели како Берлин по Втората светска војна

А1он

Зеленски: На Украина и требаат десет системи Патриот

А1он

Ракетен напад на Днепар, бројот на ранети се зголемува

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина