Џонсон до Меј: Дојде време да им се спротивставиш на насилниците во ЕУ

Од:

Велика Британија треба да им се спротивстави на насилниците во ЕУ и да изврши притисок да се постигне договор за слободна трговија, порача поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон.

На тој начин Џонсон дополнително изврши притисок врз британската премиерка Тереза Меј поради Брегзит.

Во колумна за весникот „Телеграф“, тој оцени дека преговорите за Брегзит се наоѓаат во „моментална криза“ и Меј треба да ја смени тактиката.

– Дојде моментот кога треба да им се спротивставиш на насилниците. По повеќе од две години немилосрдно малтретирање од страна на ЕУ, време е Британија да пружи отпор, нагласи Џонсон.

Поранешниот министер за надворешни работи на Британија оцени дека постои подобро решение, односно „супер Канада“ договор, кој подразбира дека не постојат тарифи и квоти.

Иако останаа помалку од шест месеци од излезот на Британија од ЕУ, во текот на најновата рунда преговори во Брисел не е постигнат договор околу условите за Брегзит, а преговарачите на ЕУ и Британија времено ги прекинаа разговорите до средина на неделата.

Би можело да ве интересира

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти