Џонсон го пречека Бајден на морскиот брег, ќе помуабетат насамо пред утрешниот самит на Г7

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон го пречека денеска американскиот претседател Џозеф Бајден во англиското крајбрежно одморалиште Карбис Беј, пред утрешниот почеток на самитот на Г7.

– Прекрасно е, не сакам да си одам дома, изјави Бајден, коментирајќи го погледот кон морето додека шеташе со американската прва дама Џил Бајден, британскиот премиер Џонсон и неговата сопруга Кери.

Ова е прва средба меѓу Џонсон и Бајден, а како што беше најавено претходно, двајцата лидери ќе ја изнесат денеска, за време на разговорите во Лондон, заедничката визија за „одржливо глобално закрепнување“ од пандемијата на Ковид-19.

Во пресрет на состанокот, Даунинг стрит соопшти дека состанокот ќе се фокусира на климатските промени, безбедноста, глобалниот трговски систем и одбраната на демократијата, како и за тоа како безбедно да се патува низ целиот свет.

Беше најавено дека ќе разговараат и за Северна Ирска, за несогласувањата меѓу ЕУ и Велика Британија околу имплементацијата на протоколот за Брегзит и други теми.

Според Скај њуз, двајцата лидери се очекува да се согласат околу она што беше најавено како нова Атлантска повелба – одговор на декларацијата за повоената соработка меѓу Винстон Черчил и американскиот претседател Френклин Рузвелт во 1941 година.

– Додека Рузвелт и Черчил разговараа како да му помогнат на светот да се опорави од војната, денес треба да се справиме со еден сосема поинаков, но не помалку застрашувачки предизвик – како подобро да се опоравиме од пандемијата на коронавирусот, истакна Џонсон пред состанокот.

Би можело да ве интересира

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва