Џонсон е со добар дух, по мирната ноќ во болницата

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон е со „добар дух“ и имаше “удобна ноќ“ во болницата „Сент Томас“ во Лондон, соопшти Даунинг стрит.

Џонсон „останува во болница на натамошно набљудување“ , изјави за Би-Би-Си неговиот портпарол.

„Премиерот зборуваше со докторот и можеше да му потврди дека неговите симптоми остануваат присутни“, додаде тој. Портпаролот за симптомите кажа дека се „ температура и кашлање“.

На одредени информации дека премиерот бил третиран со кислород, портпаралот кажа дека не знае од каде стигнале таквите информации и повика на поголема внимателност.

Би-Би-Си наведува дека и од болничката соба Џонсон продолжува да ја води владата , каде утринава се слушнал со државениот секретар Доминик Раб, а во болницата ја добива и целата своја пошта и документи за потпишување.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство