Џонсон: Доколку не ги добиеме изборите Брегзит тешко ќе се спроведе

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ќе биде „многу тешко“ Брегзит да се спроведе доколку неговата владеачка Конзервативна партија не успее да освои мнозинство во новиот парламент, што ќе биде формиран по изборите на 12 декември, пишува британскиот либерален весник „Гардиан“.

Запрашан дали има „план Б“ за спроведување на Брегзит, во случај да не успее да си обезбеди мнозинство по изјаснувањето на граѓаните, тој кажа дека нема алтернатива на активен парламент со ториевците на негово чело.

Освен тоа, Џонсон кажа и дека опозицискиот лидер Џереми Корбин поддржувал терористички групи, како „Хамас“ и „Ирската републиканска армија“ (ИРА).

-Доколку се сомневате во мене видете што кажува неговиот портпарол за здравствени прашања, Џон Ашворт. Тој самиот кажа дека смета дека неговиот лидер е безбедносен ризик, рече Џонсон.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он