Џон Кери: САД и Европа покажаа едногласност за иранското нуклеарно прашање

Од:

Американски и европски дипломати изјавија денеска дека се едногласни во стратегијата и својата цел за постигнување договор со Иран околу неговата нуклеарна програма.

– Имаме единствено мислење, истакна американскиот државен секретар Џон Кери по разговорот со францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус.

Кери и Фабиус, кои остварија средба со шефовите на дипломатии на Велика Британија и Германија, Филип Хамонд и Франк-Валтер Штајнмаер, констатираа напредок во преговорите за иранската нуклеарна програма, кои се одржаа во средата во Швајцарија. Тие признаа дека постојат и големи несогласувања, кои треба да се надминат, доколку земјите сакаат да постигнат договор до крајот на овој месец, кога истекува крајниот рок поставен од преговарачите.

– Во одредени области има напредок, но има и несогласувања, нагласи Фабиус.

Иранскиот потпретседател Али Акбар Салехи изјави дека техничките пречки на патот кон конечниот нуклеарен договор се надминати во последните кругови од преговорите.

Салехи, кој е претседател на Иранската организација за атомска енергија, додаде дека преговарачите успеале да стават крај „на ќорсокак ситуацијата околу повеќе технички прашања“, а со цел да се надминат несогласувањата „преземени се конструктивни чекори“.

Предвидено е следниот круг од преговорите да започне на 15 март.

Кери потенцира дека Иран треба да преземе решенија, за да му докаже на светот дека нема намера да произведува нуклеарно оружје.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија