Џон Бејнар: Претставничкиот дом ќе направи се за да го спречи договорот со Иран

Од:

Претставничкиот дом на американсиот Конгрес ќе направи се што е можно за да го спречи договорот за нуклеарната програма на Иран, изјави неговиот претседател, републиканецот Џон Бејнар.

На 14 јули Иран и шестте светски сили (петте постојани членки на СБ на ОН и Германија) постигнаа историски договор за нуклеарната програма на Техеран.

Американскиот претседател Барак Обама неодамна изјави дека историскиот договор со Иран „не е изграден врз доверба, туку е изграден врз верификација“.

Тој додаде дека сите ирански патишта кон нуклеарното оружје се пресечени врз основа на одредба од договорот. Американскиот претседател изјави дека Иран ќе отстрани две третини од своите инсталирани центрифуги и 98 отсто од своите резерви на ураниум.

Во замена за тоа, тврди тој, на Иран ќе му бидат етапно ублажувани санкциите, додека ги исполнува одредбите од договорот.

Обама се закани со ставање вето на секој предлог од Конгресот кој би го блокирал спроведувањето на договорот. Тој оцени дека без договор „поголеми се шансите за нова војна“ на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас