Џиновски панди подарени како знак на пријателството меѓу Кина и Малезија

Од:

Во присуство на малезискиот премиер Наџиб Тун Разак во главниот град на Малезија се оддржа несекојдневна церемонија на која на двојка џиновски панди, што пред еден месец Кина и ги подари на Малезија им беа дадени нови имиња.

Премиерот Разак објави дека машката панда, кој беше донесена со име Фу Ва од денеска ќе се вика Ксинг Ксинг, а женката името Фенг Ји го замени со Лианг Лианг. Името на мажјакот на кинески значи „просперитет’’, а на женката е изведено од малајскиот јазик и значи „убавина’’.

Пандите Малезија ги доби како знак на кинеска почит, по повод 40-годишнината од воспоставување на дипломатските односи меѓу двете држави. По нетрпеливоста меѓу Кина и Малезија, присутна се до почетокот на овој век, најмногу поради тоа што кинеското малцинство во Малезија контролираше над 70 посто од локалната економија, односите на Кина и Малезија се значајно подобрени, а Пекинг ја смета Малезија за свој најголем и најсериозен поддржувач во југоисточна Азија.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина