Џихадистите повикуваат жени да се приклучат во нивниот Калифат

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Како всушност минува животот на жените кои им се приклучиле на екстремистите од организацијата Исламска држава? Опширен опис на арапски јазик постави на интернет организацијата Бригадите Ал Ханса, собир на жени од Ирак и Сирија кои пристапиле кон Исламската држава (ИД).

Текстот е адресиран главно за жени од Саудиска Арабија и од земјите во Персискиот Залив кои размислуваат за таквата можност.

– Законски е девојче да стапи во брак на девет годишна возраст, стои во тој документ. – Повеќето чисти девојки се должни да се омажат до 16 или 17 години, стои во друг дел од текстот.

Потоа мажената жена треба да седи дома и да го подржува Исламскиот Калифат преку грижа и поддршка за својоот сопруг. Жените не треба да тонат во незнаење, напротив – треба да се самообразуваат, особено по сите прашања околу исламот, но само од седум до 15-годишна возраст.

Западниот модел за еманципација на жените, кои таму работат рамноправно со мажите, е неподобен за Калифатот, затоа што жените ништо не добиваат од идејата за рамноправност со мажите, се посочува во документот.

Модните бутици и салоните за убавина се рожби на Иблис (ѓаволот) – чисти сатански творби, тврдат авторите на текстот.

Рај за праведнички

Опширниот документ е поставен на глобалната мрежа на 23 јануари, но медиумите изгледа не му обрнаа внимание. Во него сретнуваме значајни стилски разлики од вообичаените посланија на социјалните мрежи, од оние кои ги ставаат џихадистите од западните земји кои членуваат во ИД.

Според некои оценки, жените претставуваат речиси 10 проценти од странците доброволци во редовите на исламистите. Само околу 50 жени пристигнале од Обединетото Кралство.

Во документот се укажува дека основната улога на секоја сопруга на џихадист се сведува на улогата на домаќинка и мајка на неговите деца.

Големо внимание се одделува на тезата дека жените во Калифатот водат сосема нормален живот.

– Државата ништо не ни забранува, се тврди во пораката и се инсистира на тоа дека училиштата го почитуваат принципот за одделно учење на мажите и жените.

Градот Рака – неофицијалната престолнина на џихадистите, се опишува како рај за доброволци кои пристигнуваат од други места, каде семејствата ќе им бидат надвор од дофат на гладта, студовите и ледените ветрови.

– Тука нема национализам, пишува во документот. – Затоа што секој жител на Рака заборава од каде дошол: Чеченци и Сиријци живеат едни покрај други, а Саудијците се во мирно доборсоседство со Казаците. За разлика од ситуацијата во земјите од Персискиот Залив, особено во Саудиска Арабија каде жените се обиколени со дивјаштво и варварство, велат составувачите на текстот.

Пропаднати жени

За пример ги посочуваат жените кои се принудени да работат покрај мажите во разни продавници, кои добиваат западни стипендии и одат на „универзитетот на развратот“ во Џеда.

Крајно конзервативната саудиска телевизија во документот е опишана како расадник на корупција и проституција, а тамошните репортерки се наречени пропаднати жени.

Предавачите кои ги посетуваат и предаваат во училиштата и колеџите во Саудијска Арабија се претставени како странски шпиони, кои ги распространуваат своите отровни атеистички ставови.

Во документот нема ниту збор за илјадниците заробени жени од сектата на језидите и за трговијата со малолетни девојки, за поставените колови со набиени отсечени глави во близната на Рака или за тоа дека таму ги фрлаат од високи згради мажите хомосексуалци.

Во целина, текстот има цел да ги убеди жените од Саудијска Арабија и другите земји од Западот, дека треба да го остават светот во кој живеат – неправеден и потонат во гревови – за да станат дел од утопијата изградена од Исламската држава.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Околу 7.000 деца чии родители се осомничени џихадисти се заробени во кампови во Сирија

А1он

Двајца џихадистички лидери загинаа во амерканска акција во Сирија

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска